Како да бидеме подобри - заклучоци од "Get involved IV"

View previous topic View next topic Go down

Како да бидеме подобри - заклучоци од "Get involved IV"

Post  Admin on Thu Apr 21, 2011 10:46 am

Почитувани колеги

Следат заклучоците од "Get involved IV". Отворени се за дискусија до 20 мај 2011. Потоа, ќе направиме листа од најдобрите и најважните за УАКС.


КАКО ДА БИДЕМЕ ПОДОБРИ?

Помалку да зборуваме за тоа што треба да правиме – да правиме повеќе за тоа што го зборуваме.
• Да почнеме да лепиме пароли на факултет.
Позитивни слогани на монитори.
• Подобра координација за да не се повторуваат истите чекори.
Да учиме едни од други, да се слушнеме едни со други, да се почитуваме и да даваме и да бараме помош.
• Да ги прашуваме студентите што очекуваат континуирано и да им овозможиме да разберат зошто се тука и да ги бодриме да се јавуваат на консултации.
Подобра координација помеѓу Студентски прашања, студентите и академскиот кадар.
• Да го решиме проблемот со студентите кои се на списоци а не се на ниту едно прердавање
Да се почитуваат роковите за доставување оцени и други рокови препишани во правилниците
• Да се направат тестовите електронски и да се поделат есејските прашања во домашни.
Да се ревидираат списоците после колоквиумот и да се пријават студентите кои не се појавиле на ниту едно предавање и на колоквиумот.
• Не постојат активности надвор од наставата ( како хорот)
Решението е во добар компјутерски систем заеднички за Студентски прашања и академскиот кадар за следење на студентите (оцени, присуство на час...)
• Електронски картички за студентите.
Групите кои слушаат настава на македонски јазик имаат слаб просек заради големината на групата бидејќи методите за работа се намнети за мали групи.
• Да се ограничат групите на 20-25 студенти.
Да биде соодветна просторијата на големината на групата.
• Атеље за апликативни работи, атеље за ликовни работи, училница –макетарница и работно време до 22:00 часот.
Да се формира почесна група од најдобрите студенти и професори кои секоја година ќе работат на подобрување на маркетингот на УАКС (ФДЕОН).
• Повремени средби меѓу деканите на факултетите.
Информациски систем.
• Наставните програми да се прават задолжително со експерти од деловниот совет и да се приспособат со потребите на стопанството. Теоријата да се замени со практична работа.
Бизнис кластерот да се зголемува континуирано и да се консултираат редовно.
• Да се разгледа понудата во кафетеријата.
Да има начин на социјализација на вработените, како спортска сала.
• Активност за танц за студентите од различни факултети со цел да се формираат успешни тимови.
На следниот семинар на УАКС да има повеќе време за неформално дружење.
• Да се размисли како да се реорганизира просторот во училниците бидејќи голем дел од проблемите за време на часовите произлегуваат од должината и организацијата на просториите.
Проекторот да не биде насочен кон таблата.
• Да се исфрлат клупите.
Да се тргне од поглобален аспект на дефинирање на проблемите.
• Да размислиме како да се подобриме.
Да се воведат работилници за подобрување на лично напредување.
• Подобрите студенти се жалат дека не се обрнува доволно внимание на нив. Да им покажеме дека се добри на начин што можеби ќе ги вработиме.
Секој студент да треба да има задолжително еден цитат од ЕБСКО
• Треба секој да најде систем како да поработи повеќе со добрите студенти. Да се формира група од најдобрите студенти на кои ќе им се овозможи надградба.
Тимска работа во научно-истрражувачки проекти.
• Зголемување на фондот на библиотеката.
Да се премести читалната бидејќи е блиску до кафетеријата.
• На следниот семинар треба да имаме презентација или резултат од истражување или анкета од студентите и нивните родители кои ќе кажат што ним им треба.
Во библиотеката треба да има книги кои не се во задолжителна литература и кои ќе им помогнат во пишување на семинарски работи и часописи.
• Да се организира обука за професорите за презентациски вештини и подготвување на презентации.
Сите вработени да размислат што можат да понудат од својата специјалност на своите колеги во форма на обука, предавање, работилница. Тоа ќе резултира со курсеви кои ќе се нудат надвор од УАКС.
• Ке се формира центар за обука со помош на овие курсеви.
Да им се помогне на студентите кои доагаат од училишта каде што не се учи пишување на истражувачки труд и да се воведе во описот на предметите и целите вештини на пишување кои ќе се зголемуваат со нивото.
• Да се набави лиценца за проверка на плагијати на интернет.
Да се казнуваат студентите кои не ја почитуваат академската чеснот.
• Да се направи работилница за академска чесност.
Да добиваат насока студентите за пишување на семинарски.
• Да ги научиме студентите како треба да изгледа еден современ студент.
Студентите заминуваат за време на прадавањето без да добијат дозвола.
• Да се работи за култура на однесување на студентите: како се седи, кога се пристигнува на час.
Да се санкционираат оние кои паркираат на местот обележано за хандикепирани лица.
• Да бидат ставени сите овие предлози на форум кој ќе биде отвовер на дискусија и гласање.
[/list]


Admin
Admin

Posts: 2
Join date: 2011-04-21

View user profile http://getinvolved4.macedonianforum.net

Back to top Go down

prilog kon diskusijata

Post  Pacovski on Fri Apr 22, 2011 10:58 am

- На следниот get Involved - помалку работа, а повеќе дружење. Едно попладне може да биде посветено и на групна посета на некој културен споменик (Св. Јован Бигорски, комплексот Калишта - Струга, Смоларски водопади, Копанки - Пелистер, Попова Шапка, ...)
- Подобра понуда во кафетеријата.
- Просторија за Фитнес (или спортска сала) - како друг начин за меѓусебна социјализација.
- Танцов курс (слична активност како хорот) - може да биде сфатена и како ексклузивитет на УАКС - во насока на изградба на целокупна личност
- настава за Mакедонска литература и писменост
- прибор за настава на нашите студенти - ранци со грбот на УАКС, еднобојни или во разни бои (според факултетите), тетратки и пенкала.... и потоа, за време на редовна настава, да се инсистира тоа да го носат со себе...
- Библиотека - не само книги по силабуси, туку и стручни списанија?

Pacovski
Guest


Back to top Go down

View previous topic View next topic Back to top

- Similar topics

Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum